
Играчот на Баерн Минхен Леон Горецка даде јасност околу својата иднина. Во специјално изјавување на социјалните мрежи тој им се обрати на навивачите на Баварците.
Тој потврди дека ќе замине на крајот на сезоната, кога истекува неговиот договор. Германскиот репрезентативец објасни дека нема да замине во зимскиот преоден рок. Горецка беше поврзуван со јануарски трансфер во Атлетико Мадрид, но очигледно ја одбил таа можност.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Последните неколку дена беа по-турбулентни отколку што очекував. Во исто време, донесоа јасност. Колку и да сум поласкан од интересот на водечките европски клубови, одлучив да останам во Бајерн до крајот на сезоната: во тим со кој е големо уживање да се биде дел од теренот и надвор од него, и со тренер кој го направи тимот да биде едно. Нашата заедничка цел е во мај повторно да бидеме на ‘Мариенплац’ и да ги славиме најголемите трофеи со вас. Во исто време заедно со клубот решивме по долги и конструктивни разговори дека нашиот успешен период заедно ќе заврши летово. Како што имам кажано и претходно, ова е точен момент за мене да отворам нова глава: како фудбалер и како човек“, се вели во изјавата на Горецка.