
Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Порто, откако во првото коло славеше сигурна победа против швајцарката Илина Ин-Албон со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
Ѓорческа од самиот почеток на мечот наметна висок ритам и агресивна игра, со што ја стави ривалката под постојан притисок. Македонската тенисерка двапати го одзеде сервисот на Ин-Албон, во шестиот и осмиот гем, што ѝ овозможи убедливо да го освои првиот сет со 6-2.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во вториот сет, швајцарската тенисерка успеа да одговори и рано стигна до брејк за водство од 2-1, но тоа не ја поколеба Ѓорческа. Таа брзо ја врати рамнотежата, повторно доминираше во размените и направи клучен брејк со кој ја презеде контролата врз сетот. Со сигурна игра во завршницата, Ѓорческа го приведе мечот кон крај и славеше со 6-3.