Дома Фудбал Голот на Мегваер беше од офсајд – еве зошто не е поништен

Голот на Мегваер беше од офсајд – еве зошто не е поништен

Манчестер Јунајтед направи драматичен пресврт на домашен терен, совладувајќи го Лестер со 2-1 и со тоа се пласираше во петтото коло од ФА Купот.

Боби Декордова-Рид ги доведе гостите во водство во 42. минута. Џошуа Зиркзе израмни во 68. минута. И кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, Хари Мегваер постигна гол во третата минута од судиското надополнување за да направи пресврт на натпреварот и да победи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сепак, беше очигледно дека Мегваер беше во офсајд кога Бруно Фернандеш нафрли од слободен удар кон голот. Лестер излезе високо на противнички центаршут и успешно постави офсајд замка, но помошниот судија не забележа. Многу љубители на фудбалот се прашуваат зошто ВАР не интервенираше.

Одговорот е – бидејќи Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на овосезонското натпреварување одлучи видео технологијата да се користи од петтото коло на ФА Купот.

Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси на 28 мај може да испише историја: Ова не му успеало на ниту еден друг клуб!

Фудбалерите на Челси ќе имаат можност на 28 мај во Вроцлав да напишат нови страници од фуд…