Емил Нилсен, еден од најдобрите ракометни голмани во светот, блескаше во финалето на Светското првенство против Хрватска.
Неговата Данска ја победи Хрватска со резултат 32:26 и по четврти пат последователно стана светски шампион, а Нилсен запиша дури 11 одбрани.
Од првите четири удари врз својот гол, одбрани дури три удари на Хрватите и веќе тогаш беше јасно дека Данците ќе го освојат трофејот.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
По натпреварот, сосема заслужено, беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, како и член на идеалниот тим на турнирот.
Нилсен откри дека имал големи проблеми пред финалето и дека не јадел цел ден.
“Имав многу бурна ноќ позади мене. Се разболев и не спиев цела ноќ, заспав само околу 9 или 10 часот наутро. Се разбудив половина час пред да тргнеме во теретана. Не јадев ништо цел ден поради тоа што бев нервозен и под стрес, па навистина сум среќен што сè испадна добро”, изјави Нилсен.