
Поротата во петокот пресуди во корист на поранешниот голман на Портланд Тимберс, Џејк Глисон (34), во неговата тужба против клупскиот лекар. Спорот против д-р Ричард Еделсон, обвинет за лекарска грешка при операцијата која, според Глисон, ја заврши неговата кариера, доведе до три недели долго судење.
“Мислам дека сè уште не ми е до крај прифатено. Ова беа шест и пол години чекање да се постигне правда за она што се случи за време на првата операција. За мене ова покажува дека не треба да се работи небрежно,” рече Глисон и додаде: “Како хирург, кога работиш небрежно, а потоа се обидуваш да го скриеш, мораш да ги сносиш последиците.”
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Глисон поднесе тужба против Еделсон за 25 милиони долари (23 милиони евра) за трошоци за досегашно и идно лекување, загубени и намалени идни приходи, како и за претрпена болка и страдање. Поротата му додели обештетување во висина од над 20,6 милиони долари (18,5 милиони евра).
На Глисон во летото 2018 година му беа дијагностицирани стрес-пукнатини на двете прети. Поради тоа беше потребна операција. Неговите адвокати тврдеа дека Еделсон не ја стерилизирал правилно ортопедската плочка која ја поставил во ногата на Глисон, откако при операцијата сфатил дека му недостасува плочка па ја прибавил извана.
Тврдеа дека неправилно стерилизираната плочка предизвикала инфекција поради која биле потребни бројни дополнителни операции на двете нозе, што на крајот ја завршило кариерата на Глисон. “Ова не само што ја уништи мојата кариера туку имаше огромно влијание врз мене со години и ќе го има до крајот на мојот живот,” рече Глисон.
Глисон, со потекло од Нов Зеланд, играше за Тимберс од нивната прва сезона во МЛС во 2011 до 2018 година.