
Бразилскиот голман Џон Виктор, кој брани за тимот на Нотингем Форест, стана виновник за необичен гол на натпревар против Астон Вила.
Астон Вила во првиот дуел од дневната програма на Премиер лигата лесно го совлада Форест со 3:1, а третиот гол беше решавачки за натпреварот, при инцидент кој ретко се гледа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Голманот на гостинскиот тим Џон Виктор излезе на половината од теренот, непотребно оставајќи простор на Џон Мекгин, кој ја искористи ситуацијата за да постигне гол од над 30 метри.
Можете да го погледнете голот овде.
Меѓутоа, тука не заврши “драмата”. Виктор по кратко време заврши со солзи поради наводна повреда и мораше да го напушти натпреварот, иако фановите на социјалните мрежи изразуваат сомнеж и веруваат дека тоа било обид да ја оправда својата голема грешка.
John Victor faking an injury & crying after getting caught in no man’s land for John McGinn’s goal 🤣🤣 #AVLNFO pic.twitter.com/jby4mjghl6
— Mahfuz🤙🏽 (@MahfuzCOYI16) January 3, 2026