Дома Останати Ракомет Голман од Кјелце го засили Вардар!

Голман од Кјелце го засили Вардар!

Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валац кој се согласи на верност на клубот до 2027 година. Доаѓа како играч на Кјелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот..

Овој 24 годишен ракометар лани се врати во Кјелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони. Сега покрај себе како клупски колеги ги има Адам , Бекри Корданија, Клемен Ферлин и Сандро Местиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На последниот меч од ЕХФ лигата на шампионите меѓи Кјелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар имаше одлично прво полувреме и на крајот собра девет одбрани и неговиот тим имаше предност од два гола, покажувајќи ги своите квалитети.

Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валац е второто засилување за екипата за следната сезона, а дополнително ќе следат и другите објави за новите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …