Дома Фудбал Голман чие презиме не може да се изговори е херојот на Барселона. Погледнете зошто.

Голман чие презиме не може да се изговори е херојот на Барселона. Погледнете зошто.

ВОЈЧЕХ ШЧЕСНИ (34), познат како голманот чие презиме може да се изговори само ако сте Полјак, имаше животен настап за победа на Барселона од 1:0 против Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Голот го постигна Рафиња во 61. минута, но Барселона, нејзините навивачи, шпанската јавност и целиот фудбалски свет го слават голманот на Барса, затоа што Шчесни феноменално издржа канонадата што играчите на Бенфика ја упатија кон него.

Домаќинот од 22. минута имаше играч повеќе откако на Барселона и беше исклучен дефанзивецот Пау Кубарси. Тоа беше двоен хендикеп за гостите бидејќи нивниот тренер Ханси Флик по мораше да ја врати рамнотежата на тимот со отстранување од игра на одличниот офанзивец Дани Олмо. Наместо него влезе дефанзивецот Роналдо Араухо. 

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Поради наведеното, Бенфика ја нападна Барселона и голот на Шчесни со 26 удари. Но Полјакот беше непобедлив. Имаше дури осум одбрани, од кои неколку сензационални, со кои ги отклони ударите од непосредна близина.

Статистичарите истакнуваат дека тоа е рекорден број одбрани на голманот на Барселона во Лигата на шампионите од 2003 година. Во исто време, ПСЖ кон голот на Ливерпул упатија еден удар повеќе, а Алисон имаше и една одбрана повеќе за победа на Редсите исто така со 1:0. Но, за разлика од Барса и Шчесни, тие не беа со играч помалку од две третини од натпреварот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо се огласи за обвинувањата за расизам: Нема да се спуштам на нивно ниво

Португалскиот тренер Жозе Мурињо даде големо интервју за англискиот Sky Sports, во кое збо…