Дома Останати Кошарка Големи проблеми за Голден Стејтс: Прво пораз, па повреда на Кари (Видео)

Големи проблеми за Голден Стејтс: Прво пораз, па повреда на Кари (Видео)

Голден Стејт Вориорс доживеа пораз од Орландо Меџик, а конечниот резултат на Флорида беше 121:113 (36:32, 31:28, 26:25, 28:28). Сепак, тука маките за екипата на тренерот Стив Кер не завршуваат…

Стеф Кари, кој за 34 минути постигна исто толку поени, (12/23 од игра, 7/15 за три и 3/5 сл. фрлања) со девет асистенции и по три скока и украдени топки, ја обнови повредата од натпреварот против Сан Антонио, кога го истегна зглобот на десната нога.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Кари рече дека ќе почека да види како зглобот ќе реагира по летот и одморот, но се е поизвесно дека ќе го пропушти натпреварот против Хит во Мајами.

„Чекаме да видиме како ќе реагира бидејќи повторно го истегнав во првото полувреме. Не мислам дека е нешто сериозно, но ќе видиме утре како ќе биде“, Кари не изгледаше премногу вознемирено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Центарот на Лејкерс задржан на аеродромот на Бахамите – го „тресела“ полиција

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Деандре Ајтон, беше накратко задржан во вторникот на Меѓу…