Дома Останати Кошарка Голем гест на Лилард:По освоениот НБА Куп ќе донира половина милион долари!

Голем гест на Лилард:По освоениот НБА Куп ќе донира половина милион долари!

Кошаркарите на Милвоки Бакс го освоија НБА Купот ноќеска, а секој играч како награда доби по 514.971 долар.

И додека за некои играчи како Стенли Умудеа, Лиам Робинс и Рајан Ролинс таа сума значи многу затоа што имаат годишна плата помала од 600.000 долари, за најголемите ѕвезди на тимот тоа е само “капка во океанот”.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Токму поради тоа Дамијан Лилард, најплатениот играч во тимот заедно со Јанис Антетокумпо, одлучи да не ја земе наградата, туку да ја подели на вработените во клубот.

Лилард, кој годишно заработува 48.787.676 долари, изјави дека ќе донира половина милион долари на помошниците во стручниот штаб, хигиеничарите, сметководителите и останатите вработени во клубот.

“Долго се занимавам со овој спорт. Не сакам наградата само да ја земам и да ја потрошам попусто. Парите ќе ги дадам на вработените во клубот, на луѓето кои работат со нас секој ден и цел ден,” изјави по натпреварот 34-годишниот Лилард, кој во финалето на НБА Купот во победата против Оклахома Сити со резултат 97:81 постигна 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Американците тврдат: Познат новиот тренер на Денвер и Јокиќ – одби 70 милиони долари од Лејкерс!

Ден Хурли, тренерот на Конектикат во NCAA, е новиот кандидат за позицијата главен тренер н…