Дома Останати Тенис Ѓоковиќ влегува и во фудбалот: Стана сопственик на еден од најпознатите француски клубови!

Ѓоковиќ влегува и во фудбалот: Стана сопственик на еден од најпознатите француски клубови!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, стана дел од сопственичката структура на францускиот клуб Лe Ман, известува реномираниот „Л’Eкип“.

Лe Ман е клуб со долга традиција во францускиот фудбал кој долго време се натпреваруваше во елитната лига, додека денес игра во Втората лига.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст



Ѓоковиќ не влегува сам во овој нов почин, бидејќи во сопственичката екипа се приклучија и легендарниот Формула 1 возач Фелипе Маса, актуелниот возач Кевин Магнусен, како и дечкото на тенисерката Арина Сабаленка, Георгиос Франгулис.

Тие заеднички имаат визија да ги поврзат моторните спортови и фудбалот, наследувајќи ја големата традиција на трката 24 часа Лe Ман.

Франгулис веќе има искуство во управувањето на фудбалски клубови, бидејќи учествува во раководството на Коритиба во Бразил. Една од нивните амбиции е Лe Ман да се избори за место во Лига 1, највисокото француско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Kаде има пари, таму играат: Алкараз и Синер повторно ќе водат битка на далечна локација!

Додека трае дебатата за предолгата тениска сезона и исцрпувачките натпревари, и среде крит…