Дома тенис Ѓоковиќ по првиот меч во Шангај: Вакво нешто првпат ми се случува!

Ѓоковиќ по првиот меч во Шангај: Вакво нешто првпат ми се случува!

Новак Ѓоковиќ со победа го отвори настапот на Мастерсот во Шангај, совладувајќи го Марин Чилиќ во меч кој понуди далеку повеќе од очекуваното, не само во тениска смисла, туку и поради екстремните временски услови.

Српскиот ас мораше жестоко да се потруди за да го скрши отпорот на искусниот Хрват, а како дополнителна пречка се појави невообичаената влажност, која остави трага врз играта и на двојцата тенисери. По дуелот, Ѓоковиќ со доза на хумор, но и со сериозност, ја опиша ситуацијата како една од најтешките со кои се соочил на кинеско тло.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Никогаш не сум почувствувал ваква влажност овде. Навистина е тешко да се игра, се потиме како никогаш досега. Се шегувам, ама сметките за перење алишта ќе бидат рекордни оваа недела. Сепак, нема извинувања – исто е за сите. Мораме да се прилагодиме и да продолжиме напред“, изјави светскиот рекет број еден.

Во следното коло, Новак ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман, кој иако е далеку на 150. место на АТП листата, покажа дека знае да изненади – тоа го докажа веќе на стартот, елиминирајќи го фаворитот Франсис Тиафо. Ѓоковиќ, сепак, останува фокусиран, со цел да ја продолжи својата победничка серија во Шангај.

Фото: Rolex Shanghai Masters

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In тенис

Проверете

Ова е терминот на Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер

Вимблдон ја објави програмата. Во петок го очекуваме големиот дуел. Уште еднаш ќе ги гледа…