
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер уште еднаш се присети на времето поминато во затвор, а во најновото сведочење откри дека изгубил 99 проценти од пријателите. Сепак, имаше и такви кои го изненадија и му дадоа неочекувана поддршка за време на најтешкиот период во животот. Меѓу нив е и Ѓоковиќ, кој во тој момент беше на врвот на кариерата и немаше потреба да се изјасни јавно на таа тема, но тоа го направи.
Легендарниот ас помина осум месеци во затвор поради затајување на данокот и големи долгови, откако претходно банкротираше. Поранешниот шампион на Вимблдон никогаш нема да заборави што направи Новак за него.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Ми даде поддршка и утеха, во тој момент беше најдобриот играч на светот. Ми помогна да ја надминам многу тешката ситуација, никогаш нема да го заборавам тоа. Убави нешта се случија, не го очекував тоа од Новак и уште некои луѓе“, рече легендарниот Германец и додаде:
„Новак убаво зборуваше за мене на прес-конференција. Ми даде поддршка, не го очекував тоа. Ние сме семејство. Во тешки моменти знаеш кој навистина се грижи за тебе, а кој не“, рече Бекер.
„Срцето ми се крши кога го гледам низ што поминува. Борис секогаш беше љубезен кон мене и моето семејство, а имавме одличен однос низ годините и постигнавме големи нешта во овој спорт“, изјавил еднаш Ѓоковиќ.