
Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс по тешката победа над Александар Ковачевиќ, но по мечот откри дека има здравствен проблем кој му ја отежнува играта.
Српскиот тенисер најпрво го пофали Ковачевиќ и истакна дека има големо почитување кон него.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Имам мал проблем со подлактицата, пред сѐ при сервирањето, оттаму и двојните грешки. Тоа ме малку фрустрира на теренот и кога играте против некого кој добива доста лесни поени на прв сервис, јас тоа го немав во вториот сет, доста морав да се борам од основната линија додека Ковачевиќ полесно ги минуваше своите сервис-гемови“, рече Ѓоковиќ.