Дома Фудбал Ѓокереш, Салах и Левандовски: Каква е трката за „Златната копачка“ во Европа?

Ѓокереш, Салах и Левандовски: Каква е трката за „Златната копачка“ во Европа?

Се ближи крајот на сезоната во повеќето европски лиги, а трката за „Златната копачка“ исто така влегува во неизвесен финиш.

Мохамед Салах и синоќа беше стрелец во победата на Ливерпул над Тотенхем и освојувањето на титулата шампион на Англија. Тоа беше неговиот 28. гол во сезоната. Кога таа бројка се помножи со коефициентот од „2“ кој важи за Премиер лигата, се добиваат 56 поени, што го држеше на првото место до синоќа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа, вчера Виктор Ѓокереш беше немилосрден и со четири погодоци против Бојавишта, Швеѓанецот дојде до дури 38. гол оваа сезона. Со коефициент 1.5 кој го дава португалската лига, напаѓачот на лисабонскиот Спортинг моментално води во трката за „Златната копачка“ со 57 поени.

На третото место се наоѓа Роберт Левандовски кој е повреден и е прашање дали ќе може да се вклучи во финалната трка. Тој има 50 бодови. Хари Кејн и Матео Ретеги имаат по 48.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го пронајде „новиот“ Лука Модриќ – ќе биде најголемо засилување за Реал Мадрид

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како што стојат работите, Чаби Алонсо го…