
Првото коло од англиската Премиер лига се одржа на Олд Трафорд, каде што силите ги одмерија Арсенал и Манчестер Јунајтед, при што Арсенал успеа да издвои победа од 1:0. Во составот на Арсенал своето деби го имаше Виктор Ѓокереш, играч чие доаѓање беше проследено со бројни шпекулации, а воедно тој и ги одби условите на Манчестер Јунајтед.
По долготрајна сага, Ѓокереш стана член на Арсенал, па со големо нетрпение неговиот прв официјален настап со Топчиите беше очекуван. Резултатите по натпреварот покажаа дека неговото деби беше еден од најслабите настапи во историјата на англиската Премиер лига.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ѓокереш беше на теренот 60 минути, при што според Sofascore, стигна до најлошата оценка меѓу сите играчи на двете страни. Кога ги земеме предвид сите играчи што влегоа како замена, тој беше најлош меѓу 29 играчи.
За времето додека беше на теренот, овој шведски напаѓач не успеа ниту еднаш да упати удар кон голот, а од вкупно девет обиди да направи пас, успешни беа само четири.
Освен тоа, Ѓокереш имаше еден неуспешен дриблинг, освои два од седум дуели на земја и еден од шест воздушни дуели. Топката ја загуби 11 пати, а еднаш заврши во офсајд. Поради сето споменато, неговата вкупна оценка беше само 6.0.
Имајќи ги предвид високите очекувања, ова е едно од најразочарувачките деби настапи во историјата на Премиер лигата. Од друга страна, сега е само првото коло, а Ѓокереш ќе добие шанса за да се рехабилитира во очите на навивачите овој викенд, кога Арсенал ќе се соочи со Лидс на Емирејтс.