Дома Фудбал Ѓокерес на најблиските им откри каде ќе игра следната сезона

Ѓокерес на најблиските им откри каде ќе игра следната сезона

Напаѓачот на Спортинг од Лисабон е вмешан во трансферска сага која во последните седмици се вжештува.

Откако во сезоната 2024/25 постигна 54 гола во сите натпреварувања, изгледаше речиси сигурно дека Ѓокерес ова лето ќе го напушти Португалија.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дваесетседумгодишниот напаѓач беше поврзуван со трансфер во Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи, а за него беше заинтересиран и Јувентус, но сите го гледаат на Островот.

Се тврди дека изрично го известил Јувентус дека не е заинтересиран да игра во Серија А наредната сезона, и покрај тоа што му е понудена плата од 13 милиони евра годишно (250.000 евра неделно).

Наместо тоа, Ѓокерес дал до знаење дека има намера да се приклучи на некој клуб од Премиер лигата. Наводно, на семејството и пријателите им открил дека сака да оди во Арсенал. “Сакам да потпишам за лондонскиот клуб, таму ми е планот да играм”, наводно рекол, откриле извори блиски до играчот.

Топчиите бараат напаѓач, а Каи Хаверц моментално е нивната единствена природна опција на таа позиција, а поврзувани се и со Бенџамин ШЕшко од РБ Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вчера заработи директен …