
Шпанскиот голман Инаки Пења поминува низ најтешките месеци во својата играчка кариера, но за жал ни приватниот живот не му оди најдобро бидејќи чуварот на мрежата на Барселона зад себе има десет навистина тешки дена.
Инаки Пења беше во центарот на вниманието на почетокот на оваа сезона кога Марк-Андре тер Штеген се повреди сериозно, и токму поради тоа тој стана прв голман на Барселона.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
На голот на Барселона беше во првиот дел од сезоната и имаше некои забележителни настапи, но на почетокот на 2025 година Пења исчезна од сцената бидејќи Ханси Флик одлучи дека до крајот на сезоната Војчех Шчесни ќе биде прв голман на каталонскиот тим.
Покрај тоа што во Барселона не му оди добро, животот не го штедеше овој голман ни надвор од фудбалскиот терен.
Шпанските медиуми пишуваат дека Пења зад себе има веројатно најтешките десет дена во животот и дека помина низ вистински ролеркостер на емоции.
Минатата недела почина таткото на овој голман, што беше една од причините за минутата молчење завчера на натпреварот меѓу Барселона и Осасуна.
Погребот на таткото на Пења се одржа во понеделник, а тој од истиот пожури во болница каде што беше неговата девојка Клаудија која се пораѓаше и на свет донесе нивното прво дете.