Дома Фудбал Главоболки за сопствениците на Јунајтед: Бразилец поради „тајна клаузула“ мора да го плаќаат како Роналдо

Главоболки за сопствениците на Јунајтед: Бразилец поради „тајна клаузула“ мора да го плаќаат како Роналдо

Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед Џим Ретклиф поради големата плата има силна желба да се ослободи од Касемиро (33), но Бразилецот може да стане уште поголемо финансиско оптоварување за клубот од Олд Трафорд.

Ако Јунајтед ја освои Лига Европа, со што би обезбедил пласман во Лига на шампиони, следната сезона примањата на бразилскиот играч за врска ќе се зголемат за 25 проценти според “тајната клаузула” од договорот, пишува Daily Mail.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јунајтед сака да се ослободи од примањата на Касемиро од околу 413.000 евра неделно, а сега би можеле неговите неделни примања во последната година од договорот да се зголемат на околу 590.000 евра.

Да потсетиме, толку заработуваше и Кристијано Роналдо во вториот мандат во клубот.

Инаку, Ретклиф во март го прогласи Касемиро за еден од шесте играчи (со Антони, Санчо, Хојлунд, Мартинез и Онана) кои не се доволно добри или се преплатени.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …