Дома Фудбал Гигант со четири милиони евра тропна на вратите на Хајдук

Гигант со четири милиони евра тропна на вратите на Хајдук

Хајдук во својот тим има вистински дијамант, а јасно е и дека се свесни за тоа. Неговото име е Нико Сигур и се очекува голем трансфер во продолжението на неговата кариера.

Тој го постигна својот прв гол за Канада во победата на оваа репрезентација против Хондурас, а конечниот резултат беше 6:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сигур веќе долго време е присутен во бележниците на скаутите од некои од најголемите европски клубови, но го посакуваат и оние клубови за кои се смета дека се „развојни“ клубови.

Интересот на холандскиот Утрехт е одамна познат, а се обидоа да го доведат и од Селтик, меѓутоа не успеаја.

Повторно Сигур стана барана роба, а најдобро го илустрира понудата која дојде од великанот од Белгија, екипата Андерлехт.

Тие на адресата на Хајдук наводно испратија понуда од четири милиони евра, но добија „глатко“ одбивање.

Од Полјуд добија одговор дека воопшто да не се обидуваат да влегуваат во преговори доколку ќе понудат помалку од 10 милиони евра за Сигура.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесна сцена на трибините: Погледнете како еден навивач го следеше натпреварот со Лихтенштајн (Фото)

Maкедонија вечерва го победи Лихтенштајн со 5-0 и така продолжи да сонува дека може да се …