
Кристијано Роналдо Јуниор се најде во центарот на вниманието, но овојпат не заради фудбалските вештини, туку поради инцидент за време на дербито во саудиската У15 лига. Младиот талент на Ал-Наср не успеа да ги сокрие нервите во напнатиот натпревар против Ал-Хилал, покажувајќи дека од татко му наследил не само талент, туку и изразито натпреварувачки и избувлив темперамент, пишува Goal.com.
Инцидентот се случи кога тренерот на Ал-Наср реши да го замени. Додека излегуваше од игра, Роналдо Јуниор ја покажуваше својата лутина и протестираше кон судиите. Откако беше турнат од противнички играч, судијата му покажа жолт картон поради несоодветно однесување додека одеше кон клупата.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Снимката од настанот, како што се очекуваше, стана вирална и предизвика разни реакции на социјалните мрежи. Многумина сметаа дека синот на славниот фудбалер требало да остане смирен, истакнувајќи дека ваквите испади можат долгорочно да влијаат на неговиот развој и имиџ. Од друга страна, дел од фановите во неговата фрустрација видоа доказ за натпреварувачкиот дух и стремеж кон победа, својствен за неговото семејство.
Кристијано Роналдо Јуниор има его како неговиот татко, само погледнете како го неиспочитува судијата 😭😭😭 pic.twitter.com/EoyemsPGZ8
— Херисон (@fcbharrison) 13 март 2026