Дома Фудбал Ги одбил Флик и Барселона поради Алонсо и Реал Мадрид

Ги одбил Флик и Барселона поради Алонсо и Реал Мадрид

Ханси Флик се обиде да потпише уште еден извонреден играч, но тој наводно веќе одлучил да се пресели во Мадрид.

Барселона и Реал се најголемите тимови во Шпанија и се сметаат за најголеми екипи во светот, и не е никаква тајна дека многу играчи сонуваат да ги бранат нивните бои. Некои повеќе го симпатизираат Реал, други Барселона, но да се биде дел од тие клубови е дефинитивно остварување на сон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И едните и другите често врз основа на своето име, традиција и престиж добиваат играчи кои ги сакаат и имаат водеќа позиција во однос на поголемиот дел од другите клубови. Реал и Барселона сега имаат за цел да го донесат истиот играч, а станува збор за перспективниот стопер Дин Хујсен, кој блеска во дресот на Борнемут.

Реал главно во последно време излегува како победник во дуелите со Барселона кога се во прашање трансферите, иако на теренот победа носи Барселона. Хујсен преку своите агенти порача дека во овој момент го интересира само Реал Мадрид.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…