
Мануел Нојер не успеа да ја зачува мрежата на Баерн недопрена во вторникот вечерта при гостувањето на Пафос (5:1) во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
39-годишниот голман го прими најубавиот гол на денот, откако ударот на Мислав Оршиќ го измами во 45-тата минута. По оваа ситуација капитенот на баварците беше критикуван од германски репортер.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Тоа беше 140-тиот гол што Нојер го прими во Лигата на шампионите во 152 натпревари, одиграни со Шалке и Баерн, и 465-тиот во 568 настапи за баварскиот тим. Но, исто така, и вечер кога Мануел го изедначи рекордот, држан од друг легендарен голман – Икер Касилјас, со 101 победа во ова натпреварување.
Успехот ќе беше потполн, ако германскиот голман не беше збунет од непредвидливата траекторија на топката, испратена кон неговата врата од хрватскиот напаѓач на дебитантот во Лигата. Мислав Оршиќ, автор на хеттрик против Тотенхем, тогаш под водство на Жозе Мурињо, го изненади точно пред паузата, што стана повод за критики кон капитенот.
Во негодување дека Мануел Ноер дури и не скокна за топката, репортерот, цитиран од Билд, го праша: „Дали голот на Пафос беше неодбранлив?“ На што голманот одговори кратко и јасно: „Да“. Новинарот продолжи: „Затоа ли реагираше релативно доцна?“ Дијалогот продолжи пораспалено.
Ноер, делумно нервозен: „Не. Имаш ли некогаш игранo како голман?“ Светскиот шампион од 2014 година се насмевнува благо. Репортерот: „Честито, немам“. Ноер: „Штета“. Репортерот: „Затоа те прашувам“. Ноер објаснува: „При овој удар топката се лизга по неговата нога и лета во воздухот. Всушност ќе одеше во мојот правец. Но, заради изведбата, едвај подоцна приметуваш дека топката оди надесно“. Ноер, иронично кон друг репортер: „На пример, ти си играл фудбал претходно. Знаеш како функционираат ваквите работи. Затоа и одговорот на прашањето е краток“.