Дома Фудбал Гатузо на крајот од сезоната го напушта Хајдук

Гатузо на крајот од сезоната го напушта Хајдук

Екипата на Хајдук во последните неколку натпревари практично самите се елиминираа од борбата за титулата во ХНЛ.

Сé повеке во последно време се зборуваше дека Гатузо на крајот од сезоната ќе ја напушти екипата од Сплит, а сега тоа е многу појасно.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гатузо во недела последен пат ќе го води Хајдук на „Полјуд“, а дербито против Риека ќе биде неговото збогување со публиката во Сплит.

Кога станува збор за збогување со Хајдук, тоа ќе биде натпреварот од последното коло кој тимот ќе го одигра како гостин кај Шибеник.

Иако тренерот од Италија има договор на уште една година, тој ќе го напушти клубот без отштета.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…