
Британскиот весник Гардијан пред една деценија избра 50-ина најперспективни фудбалски таленти, но според сегашните развои, тие оцени изгледа не беа најдолгорочни бидејќи се покажа точно за само петмина.
Во 2015 година беше објавена листа со најперспективните фудбалери родени во 1998 година, но откритието на фудбалски таленти не е лесна задача – дури ни за скаутите на најголемите клубови, кои иако се добро платени, неретко се соочуваат со грешки.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Затоа е интригантно денес, десет години подоцна, да се погледне списокот на 50 најдобри млади фудбалери родени во 1998 година според Гардијан и нивните соработници ширум светот.
Само петмина од нив го потврдија потенцијалот и предвидувањата на британскиот весник: Дани Олмо, Мартин Одегард, Кристијан Пулишиќ, Дајо Упамекано и Федерико Валверде.
Добра кариера имаа и Мануел Локатели, Џастин Бајлов, Рицу Доан, и Санди Ловриќ, но што се случи со останатите 41 фудбалер од списокот?
За многумина од нив ни сме слушнале, или нивните имиња ни звучат нејасно. Некои од овие играчи се само периферни фигури во клубови од најсилните лиги или играат во натпреварувачки послаби тимови.
Целосниот список на играчи можете да го пронајдете на овој линк.