Дома Фудбал Галатасарај испрати нова понуда за Осимен, па веднаш пристигна одговор од Наполи

Галатасарај испрати нова понуда за Осимен, па веднаш пристигна одговор од Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи ја одби подобрената понуда на Галатасарај за напаѓачот Виктор Осимен, кој минатата сезона ја помина на позајмица во тој турски клуб.

Како што пренесоа денес италијанските медиуми, се очекува Наполи да го продаде 26-годишниот нигериски фудбалер ова лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој во 2020 година од Лил премина во Наполи, а минатата година се обидуваше да го напушти клубот. Тоа не му успеа, па замина на позајмица во Галатасарај, за кој на 41 натпревар во сите натпреварувања постигна 37 гола и имаше осум асистенции.

Во неговиот договор има клаузула за заминување во вредност од 75 милиони евра, која важи за клубови надвор од Италија.

Фoтo: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Јунајтед запрашан што направил Керик за да играат подобро: „Ништо посебно…“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Сене Ламенс, го опиша триумфот на неговиот тим против Арсе…