
Галатасарај оствари победа со 1:0 против Ливерпул во натпревар од второто коло на Лигата на шампионите. Единствениот гол во натпреварот го постигна Виктор Осимен во 16-тата минута од пенал.
Тренерот одлучи за состав без Мохамед Салах и Александер Исак, кои влегоа на теренот после час игра. Другата лоша вест за Слот беше повредата на Алисон, кој беше заменет принудно.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Во 13-тата минута Екитике беше изведен зад одбраната и напредна сам против голманот, но не заврши на најдобар начин, а при додавањето на Гакпо топката беше исчистена од гол линијата. При возвратниот напад Галатасарај доби пенал за удар на Собослај во лицето на Јилмаз, а Осимен беше прецизен од белата точка.
Ливерпул се обиде да одговори, но одбраната на Турците се снајде. Во исто време, притисокот на домаќините создаваше проблеми за шампионот на Англија и доведе до некои грешки.