Виктор Осимен летово неочекувано заврши во Галатасарај, бидејќи Наполи го отпиша, но Турција не беше неговиот прв избор.
Како што е познато, Осимен инсистираше на неговото заминување, Наполи го прецени и на крајот, кога немаше други опции, избра да оди на позајмица во Галатасарај.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сепак, јасно е дека Галата нема да биде во можност да го откупи и дека Осимен во 2025 година ќе го гледаме во друг клуб. Како што стојат работите, тоа би можело да биде – Лондон. Летово беше најблизу до Челси, а сега се спомнува и Арсенал.
Близок пријател на Осимен, кој е исто така и новинар, откри како летово пропадна трансферот во Челси.
“Наполи го фрустрираше секој клуб кој дојде по Осимен на почетокот на сезоната. Единствени кој до крајот се обидуваше беше Челси, но и тие преговори на крајот пропаднаа.Сега е фокусиран само на Галатасарај, а било каков трансфер е можен само подоцна”, рече Бучи Лаба.
Да се потсетиме, летово се спомнуваше и Пари Сен Жермен, кој се откажа, исто како подоцна и Челси, но сите, вклучувајќи го и Арсенал, би можеле да ги следат неговите стапки доколку Наполи постави поприфатлива цена.