
Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани се главна тема во фудбалската јавност низ светот откако Бразилецот го обвини играчот на Бенфика за расизам на синоќешниот натпревар во Лисабон, а во центарот на вниманието се најде и Тиери Анри поради она што го рече на таа тема.
Бенфика и Реал Мадрид синоќа го одиграа првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, а на крајот кралскиот клуб успеа да слави со минимални 1:0.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Победата на Реал на пеколното гостување ја донесе Винисиус Жуниор кој во 50. минута од натпреварот го постигна единствениот гол на мечот по асистенција на Килиан Мбапе.
По голот на Винисиус настана вистински хаос. Домаќините беа незадоволни од неговото славење и провокациите, а сето тоа кулминираше кога Бразилецот истрча до судијата и го обвини Џанлука Престијани за расизам.
Легендарниот Французин во емисијата на „CBS Sports“ разговараше за тој детал и веднаш застана на страната на Винисиус, велејќи дека и самиот доживувал такви ужасни сцени додека играл фудбал.
„Не знаеме што кажа Престијани бидејќи беше толку ‘храбар’ да го постави дресот преку устата. Очигледно е дека веднаш е сомнително бидејќи не може да се види на неговите усни што кажал. Реакцијата на Винисиус ми кажува дека нешто не е во ред“, вели Анри и продолжува.
„Сега ќе кажам некои зборови кои се доста силни. Не го сакам Реал Мадрид, но вечерва сум Мадридиста. Не ме интересира кој дрес го носи Винисиус Жуниор бидејќи тие сцени не сакам да ги гледам. Луѓето велат дека ова постојано му се случува на него, но тоа не е поентата. Треба да зборуваме за тоа што е кажано, а тоа е дека Винисиус е мајмун. За што понатаму да зборуваме? Што да преземеме?“.
.