Дома Фудбал Фудбалот некогаш е суров: Фудбалерот кој едвај преживеа, доби отказ во својот клуб по 10 години

Фудбалот некогаш е суров: Фудбалерот кој едвај преживеа, доби отказ во својот клуб по 10 години

“Сите во Вест Хем искрено му благодариме на Мајкл за извонредната и посветена служба во нашиот дрес во изминатите 10 години”, стои во соопштението на лондонскиот клуб.

Според информациите, управата на “чеканите” разговара со Антонио за можноста да преземе друга улога во клубот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во декември, Антонио имаше операција поради сериозна сообраќајна несреќа, кога со својот Ферари удри во дрво во близина на Лондон, што резултираше со четирикратно фрактурирање на бутната коска.

Тогашниот тренер на Вест Хем, Џулен Лопетеги, коментираше дека е вистинско чудо што фудбалерот преживеал.

“Мајкл ќе остане сакан и почитуван член на семејството на Вест Хем. Како што беше случај од минатиот декември, клубот ќе продолжи да го поддржува, обезбедувајќи му пристап до тренинзи, објекти и медицинска нега кога е потребно”, се додава во изјавата на Вест Хем.

Тој одигра 322 натпревари, постигна 83 гола и е рекордер на лондонскиот клуб со најмногу голови во Премиер лигата – 68.

Антонио ја освои Лигата на конференции со Вест Хем во 2023 година и беше вклучен во идеалниот тим на тоа натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Мората се враќа во Серија А

Напаѓачот Алваро Мората на крајот ќе го облече дресот на Комо по долгите трилатерални прег…