Дома Фудбал Фудбалерот на Тотенхем веднаш го побарал Исак: Не знам како неговата нога заврши таму

Фудбалерот на Тотенхем веднаш го побарал Исак: Не знам како неговата нога заврши таму

Одбранбениот играч на Тотенхем, Мики Ван де Вен, упати искрено извинување до напаѓачот на Ливерпул, Александер Исаак, откако го повреди во саботниот натпревар. Овој инцидент предизвика реакција кај тренерот на Ливерпул, Арне Слот, за време на натпреварот со резултат 2:1 во корист на Ливерпул.

Шведскиот напаѓач ја скрши фибулата и го повреди левиот зглоб додека го постигнуваше првиот гол за тимот. Повредата се случи при обидот на Ван де Вен да го блокира неговиот шут. По ова, Холанѓанецот се обрати на Исаак.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Му испратив порака бидејќи не сакав да го повредам, ниту пак да му нанесам нешто лошо. Сакав само да го блокирам ударот. Ми се чини дека несреќно му заврши ногата помеѓу моите нозе. Затоа му испратив порака по натпреварот и му посакав се најдобро. Се надевам дека ќе го видам многу брзо на теренот. Тој беше благодарен што му се обратив и ми одговори”, изјави одбранбениот играч за Sky Sports.

Да потсетиме, ни судиите на теренот, ниту собата за ВАР, не сметаа дека има потреба да се прегледа стартот на холандскиот репрезентативец. Англискиот судијски комитет, познат како KMI панел, ја анализираше спорната ситуација. Според нивното мислење, стартот на стоперот на Тотенхем не мора нужно да биде за црвен картон, туку може да се толкува како “несреќен случај”.

Исаак успешно беше опериран, а тренерот Слот верува дека напаѓачот, кој беше донесен од Њукасл за 150 милиони евра, ќе се врати на теренот пред крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…