Дома Фудбал Фудбалер во Англија не сакал да носи лента со боите на виножито поради неговите религиозни убедувања

Фудбалер во Англија не сакал да носи лента со боите на виножито поради неговите религиозни убедувања

Фудбалерот на Ипсвич Сем Морси одбил да носи лента со виножито, потврдија од англискиот клуб по последниот натпревар на тимот.

Капитенот на новајлијата во ПЛ не ја носеше капитенската лента околу раката, на мечот против Нотингем Форест, како и повеќето играчи на Островот, поради „верски убедувања“.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Од 5-ти ноември до 29-ти декември, тимовите во англиската Премиер лига ја покажуваат својата поддршка за ЛГБТК+ заедницата со носење капитенски ленти во боја на виножито. Меѓутоа, Морси не сакал да учествува во тоа.

Во соопштението Ипсвич наведува дека се тотално инклузивни, дека ги поддржуваат сите права и слободи и со тоа ја почитуваат одлуката на нивниот капитен.

„Горди сме што ја поддржуваме кампањата Rainbow Ribbon и стоиме со ЛГБТК+ заедницата во промовирањето на еднаквоста и прифаќањето. За време на овогодинешната кампања, членовите на нашите машки и женски први тимови присуствуваа на настани организирани од нашата Фондација, а клубот заедно со Нотингем Форест се заложија за солидарност и инклузија“, велат од Ипсвич и додаваат:

„Имаме планирани и други активности и иницијативи во текот на оваа недела и натпреварот со Кристал Палас. Во исто време, ја почитуваме одлуката на нашиот капитен Сем Морси, кој избра да не ја носи лентата со виножито поради неговите религиозни убедувања“, заклучи Ипсвич.

Морси е репрезентативец на Египет, иако е роден во Вулверхемптон. За репрезентацијата на Египет дебитираше во 2016 година и оттогаш има девет настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спортинг експресно го отпушти наследникот на Аморим!

Жоао Переира повеќе не е тренер на фудбалерите на Спортинг, објави утрово клубот од Лисабо…