
Шпанските обвинители бараат казна од две и пол години затвор за фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради наводно споделување на експлицитна видеоснимка без согласност на луѓето кои се на него.
Контроверзната снимка покажува тројца поранешни соиграчи на Асенсио од младинската екипа на Реал во сексуален однос со две малолетни девојки на Канарските Острови. Според достапните информации, девојките дале согласност за односот, но не и за снимање и трансфер на видеото.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според податоците од обвинителството, едната девојка имала 16 години, а другата 17 години во моментот на снимање.
Иако Асенсио не бил присутен на самиот инцидент, обвинителството тврди дека тој ја добил снимката од соиграчите и ја препраќал, што се смета за нарушување на приватноста и законот за заштита на малолетници.
Случајот е покренат по службена должност, а обвинителството бара затворска казна.
Раул Асенсио во текот на минатата сезона се истакна како значаен играч во тимот на Карло Анчелоти, одиграјќи 46 натпревари за првиот тим на Реал. Сепак, овој скандал може сериозно да влијае на неговата кариера и статус во клубот.