Дома Фудбал Фудбалер на Реал Мадрид обвинет дека снимил сексуален однос со малолетничка

Фудбалер на Реал Мадрид обвинет дека снимил сексуален однос со малолетничка

Раул Асенсио оваа сезона стана сензација во Реал. Тренерот Карло Анчелоти имаше проблеми со повредите на стоперите Едер Милитао и Давид Алаба, па Асенсио влезе во тимот заедно со искусниот Антонио Рудигер. Шпанецот собра 40 настапи (3.001 минута), две асистенции и шест жолти картони и го доби првиот повик во шпанската репрезентација за натпреварите против Холандија во четвртфиналето од Лигата на нации.

Спортската кариера му доживеа пораст, додека во приватниот живот заедно со уште млади играчи на Реал се соочи со обвиненија за снимање секс со малолетничка без дозвола. Шпанската полиција ги приведе, а за шпанската „РТВЕ за прв пат проговори за правниот процес кој го очекува.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Секој е свесен за тоа што го прави, јас сум смирен. Живеам ден за ден. Забележав промена во однос на притисокот на теренот. Јас сум личност која го сака притисокот и ме мотивира. Во Реал сум навикнат на притисок“, рече Асенсио, на кого навивачите во Ла Лига по објавата за истрагата му викаа „умри“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Фудбалскиот клуб Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата на Жил Кунде, а новата цел е …