Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прозивките кои изминатите денови доаѓаа од тренерот и претседателот на Барселона, Чави Ернандес и Жоан Лапорта. Критиките од Барселона дојдоа откако Реал, минатата недела ја анулира негативата од два гола против Алмерија и победи со 3-2. Тренерот Чави и претседателот Лапорта отворено го критикуваа Реал дека има помош од судиите и ВАР …