
Елена Рибакина мораше да одигра три сета за да го продолжи настапот на ВТА-турнирот во Нингбо. Казахстанската тенисерка ја елиминира Полјачката Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1 и се најде меѓу четирите најдобри на турнирот во Кина.
Четвртфиналната пресметка траеше еден час и 46 минути. Рибакина убедливо го отвори мечот и во првиот сет ѝ препушти само еден гем на противничката. Сепак, Кава одговори во вториот, го доби со 6:3 и ја однесе средбата во решавачки сет.
Таму Рибакина повторно беше убедлива. Со уште еден сет добиен со 6:1 го запре обидот за пресврт на полската тенисерка и го потврди пласманот во полуфиналето.
Следната пречка за Рибакина ќе биде Дајана Шнајдер. И нејзината идна противничка до полуфиналето стигна по меч во три сета, совладувајќи ја Ива Јовиќ со 2:1.
Познат е и вториот полуфинален пар: Лејла Фернандез и Мари Бузкова ќе се борат за другото место во финалето. ВТА-турнирот во Нингбо се игра за вкупен награден фонд од 1.206.446 долари.