Жоао Кансело и Андреас Кристенсен се врaќаат на терен во вистински момент за Барселона.
Барселона викендов го победи Бетис на гости, а веќе во среда му гостува на Атлетик Билбао во Копа Дел Реј, а Чави доби добри вести пред овој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По повредите во тимот се враќаат Кансело и Кристенсен, што е од големо значење ако се земе предвид дека од одбраната подолго време се повредени Иниго Мартинез и Маркос Алонсо.
Данецот и Португалецот ќе конкурираат за составот на патувањето во Билбао, па сега надвор од терените се Рафиња и Марк Андре Тер-Штеген заедно со споменатите Иниго Мартинез, Маркос Алонсо, додека Гави ја заврши сезоната.
Натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Барселона е закажан за в среда од 21 часот и 30 минути.