Дома Топ вести Лапорта: ВАР е киднапиран

Лапорта: ВАР е киднапиран

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изнесе тешки обвинувања на сметка на судиската организација и судиите по бурната победа на Реал Мадрид со 3:2 против Алмерија.

На овој натпревар беа видени неколку спорни ситуации, ВАР трипати мораше да интервенира и сите три одлуки беа во корист на Реал Мадрид. Исто така досуден им беше пенал од кој Белингам погоди за 1:2, а од ВАР стигна и потврда дека Винисиус играл со рамо, не со рака при постигнувањето на голот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Се критикуваше и зошто ВАР немал реакција кога Винисиус со лакт удира противнички играч, голот во судиското продолжение не беше спорен, меѓутоа се што му претходеше беше дискутабилно.

Лапорта по овој натпревар испрати жестоки критики.

„Натпреварот во Мадрид беше преземен од ВАР и сите одлуки кои беа донесени беа пренасочени по интервенција на ВАР собата“, изјави Лапорта.

Место да биде од помош, ВАР стана проблем, тврди првиот човек на Барса.

„ВАР кој служи како инструмет да им помогне на судиите стана лош пооради лошата употреба и вака е проблем, а не решение. ВАР е киднапиран, како да инстриран од основниот притисок кој нашиот ривал континуирано го прави. Повеќе не е сигурен и тоа се случува веќе подолго време“, изјави Лапорта.

Реал Мадрид благодарение на таа победа остана на седум бодови пред Барселоан која заостанува осум зад лидерот Жирона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…