Милан води на полувремето против Болоња со 0:2, а цетрална фигура на мечот е секако Кристијан Пулишиќ. Американецот има одлично деби во дресот на „росонерите“. Најпрво учествуваше во голот за водство, а потоа постигна прекрасен гол. Пулишиќ имаше соло продор, проигра со Жиру, а потоа од дваесетина метри постигна фантастичен гол и покажа дека ќе биде големо засилување за Милан. …