Дома Останати Кошарка Французин избран за најдобар спортист во Европа – Јокиќ едвај заврши во топ-10

Французин избран за најдобар спортист во Европа – Јокиќ едвај заврши во топ-10

Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист на Европа во традиционалниот избор на новинските агенции, додека кошаркарот на Денвер и репрезентативецот на Србија Никола Јокиќ го зазеде десеттото место.

Изборот по 67. пат го организираше Полската национална агенција (ПАП), а Србија, како и сите претходни години, ја претставуваше „Танјуг“.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Маршан (22) на Олимписките игри во Париз освои пет медали, од кои четири златни и еден бронзен.

Францускиот пливач вкупно доби 155 поени. Второто место во изборот за најдобар спортист на Европа му припадна на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (148 поени), а третата позиција на шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 142 поени.

На четвртото место е италијанскиот тенисер Јаник Синер со 113,5 поени, а петтото место го зазеде актуелниот светски шампион во Ф1 Макс Ферстапен (71 поен).

Во Топ 10 се уште шпанскиот фудбалер Родри (53), швајцарскиот скијач Марко Одермат (49), украинската атлетичарка Јарослава Махучих (43), белгискиот велосипедист Ремко Евенепул (36) и кошаркарот на Денвер Србин Никола Јокиќ (35 поени).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Јокиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата, но нема да биде МВП“

Познатиот руски сајт „Чемпионат“ ги анализираше постигнувањата на Никола Јокиќ во НБА лига…