
Формула 1 од 2026 година влегува во целосно ново поглавје, а промените што ги очекуваме не се мали.
Фокусот е ставен на три клучни сегменти: погонска единица, шасија и аеродинамика.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Правилата се поставени со цел болидите да станат поагилни, полесни и посоодветни за борба тркало до тркало, нешто што фановите го посакуваат со години.
Во однос на моторот се случува најголемиот скок – електричната енергија која доаѓа од батеријата ќе биде зголемена за дури 300 проценти.
Погонската единица ќе биде поедноставена – MGU-H компонентата се отстранува, а целиот фокус се пренесува на MGU-K и зголемената батериска поддршка.
Покрај тоа, сите болиди ќе користат 100% одржливо гориво, што е огромен чекор кон еколошки прифатлив мотоспорт.
Една од клучните новости е и ‘Рачен Преносен Модус’, систем кој ќе овозможи привремено зголемување на моќта со цел олеснување на претекнувањето.
Количината енергија се регенерира при кочење ќе биде удвоена – од 4 MJ на 8.5 MJ по круг.
Новите правила веќе предизвикаа интересирање на големи имиња. Мерцедес и Ферари остануваат, додека Ред Бул за првпат развива своја погонска единица, и тоа во соработка со Форд.
Рено, под брендот Алпин, повеќе нема да произведува сопствени мотори, туку ќе стане купувач на Мерцедес.
Хонда се враќа во Ф1 – овој пат во тандем со Астон Мартин, а Ауди влегува како производител превземајќи го тимот Заубер.
Во однос на шасијата, промените се бројни – првенствено со цел намалување на димензиите и тежината.
Максималната должина на меѓуоскиното растојание ќе биде намалена од 3600 мм на 3400 мм, а ширината од 2000 мм на 1900 мм.
Вкупната тежина на болидот ќе биде намалена за 30 килограми, па минималната тежина ќе изнесува 768 кг.
Аеродинамичниот притисок ќе биде намален за 30 проценти, додека отпорот на воздухот ќе биде намален за дури 55 проценти.
Се остануваат 18-инчни тркала, но ширината на предните гуми се намалува за 25 мм, а на задните за 30 мм.
Аеродинамички, најголемата новост е воведувањето на активна аеродинамика – некој вид еволуција на DRS системот.
Возачите ќе можат рачно да ја менуваат конфигурацијата на крилата при вклучување на таканаречениот ‘X-Mode’ за возење на право и ‘Z-Mode’ за кривини.
Задното крило ќе има три активни елементи, додека ќе се отстрани долното крило (beam wing), а страничните плочи ќе се поедностават.
Предното крило ќе стане 100 мм потесно, а лаковите над тркалата ќе се отстранат – со одредени делови на каросеријата кои ќе бидат задолжителни.
Ќе се врати делумно рамно дно и послаб дифузор, што значи намалување на т.н. “ground effect” кој моментално е силно изразен.
И безбедноста оди чекор понатаму – FIA воведува нова двослојна структура за предни удари, со што се зголемува отпорноста на фронтални судари.
Се на се, 2026 година носи една од најголемите промени во историјата на Формула 1. И тоа не само на хартија – на патеката можеби ќе гледаме целосно поинаква трка.
Фото: FIA