Форбс објави нова листа на најбогати фудбалски клубови во светот, а Реал Мадрид го задржа првото место со проценета вредност од 6,6 милијарди долари. Ова е трета година по ред како „Кралевите“ се на врвот на ова престижно рангирање.
Сепак, Манчестер Јунајтед се приближи многу поблиску, со вредност од 6,5 милијарди долари. Зголемувањето на вредноста на клубот од Олд Трафорд е поврзано со влегувањето на британскиот милијардер Џим Ретклиф во сопственичката структура. Ретклиф до крајот на годината треба да преземе 28,9% од сопственоста на клубот, откако американското семејство Глејзер продаде дел од своите акции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона е на третото место со вредност од 5,6 милијарди долари, додека на четврто и петто место се Ливерпул (5,4 милијарди) и Манчестер Сити (5,1 милијарди долари). Следуваат Баерн Минхен со пет милијарди долари и Пари Сен Жермен со 4,4 милијарди долари.
Листата на 10 најбогати клубови ја затвораат Тотенхем со 3,2 милијарди долари, Челзи со 3,1 милијарди и Арсенал чија вредност е 2,6 милијарди долари. Уште еднаш се потврдува доминацијата на европските фудбалски клубови на оваа листа, а Реал и Јунајтед се водечки светски брендови.