Тренерот на Лион Пауло Фонсека даде прв коментар по својата строга казна да не влегува во соблекувалната на тимот до 15 септември пред и по натпреварите и да не ги води до 30 ноември. Тој повторно нагласи дека не го допрел судијата на мечот против Брест Беноа Мило иако се приближил со глава кон него.
„Што можам да кажам? Многу е неправедно. Повторно потврдувам дека воопшто не го допрев судијата. Тоа не беше физички напад. Но, ја имам поддршката на клубот, што е најважната работа. Ја имам поддршката на овој неверојатен колектив, на моите играчи и на навивачите. Дали сум подготвен да работам во овие услови? Да, ова е нова ситуација и ќе истражиме како ќе постапиме. Денот на натпреварот е важен, но работната недела исто така има значење“, изјави Фонсека пред Canal+ пред денешниот натпревар со ФКСБ во Лига Европа, во кој португалскиот стручњак може да го води тимот, бидејќи меѓународните натпревари засега не влегуваат во санкцијата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Веднаш по објавувањето на казната од клубот уверија дека ќе поднесат жалба, а порано денес сопственикот Џон Текстор увери дека го поддржува својот тренер во оваа ситуација.