
Флуминенсе победи со 2:1 над Ал-Хилал и на тој начин стана првиот полуфиналист на Светскиот клубски шампионат.
Бразилците успеаја да го отворат резултатот преку Мартинели (40’), но тимот на Симоне Индзаги изедначи на почетокот на второто полувреме преку Леонардо (51’).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, успехот за Јужноамериканците го донесе резервистот Еркулес (70’), кој постигна гол 20 минути пред крајот. Двете екипи понудија интересен натпревар со честа промена на надмоќта и многу можности.
Натпреварот започна со минута молк во чест на трагично загинатиот пред еден ден Диого Жота.