
Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекст што до пред неколку месеци се чинеше скоро невозможен.
Според информациите што кружат низ шпанските и меѓународните медиуми, Флорентино Перез и германскиот стручњак се многу блиску до договор кој би го довел Клоп на клупата на Реал Мадрид веќе следната сезона.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Се наведува дека општите услови за соработка веќе се договорени и дека двете страни имаат јасно дефинирана визија за иднината на клубот.
Флорентино Перез, кој се наоѓа во завршната фаза од неговиот претседателски мандат, наводно сака да остави последен голем печат на Реал Мадрид.
Токму поради тоа изборот падна на Јирген Клоп, тренер кој во последните десетина години го обележа европскиот фудбал.
Според истите извори, планот е Клоп да го преземе тимот во јуни и да започне нова ера на Кралскиот клуб.
Сепак, целата приказна има и важна фуснота. Постојат само еден сценарио што може да го сруши веќе постигнатиот договор.
Станува збор за Алваро Арбелоа, тренерот кој го замени Алонсо и се спомнува сè почесто како можна опција за иднината на Реал Мадрид.
Ако Арбелоа успее да освои голем трофеј до крајот на сезоната и оствари извонреден резултат, Флорентино Перез би можел да ја преиспита својата одлука.
Во тој случај, внатрешната опција би добила предност во однос на доаѓањето на големо име однадвор.