Дома Фудбал Флик ја потврди одличната вест: Барселона уште посилна во походот на тронот

Флик ја потврди одличната вест: Барселона уште посилна во походот на тронот

Иако постоеше страв кај Каталонците дека Роналд Араухо ќе мора да паузира три до четири недели, Уругваецот веќе е подготвен за враќање во тимот.

Стоперот доживеа повреда на глуждот при гостувањето кај екипата на Севиља изминатиот викенд, но веќе денес тренираше со тимот и ќе биде во составот во понеделник против Рајо Ваљекано.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Араухо почна нормално да тренира и ќе биде во составот против Рајо Ваљекано“, потврди Флик.

Сега се надвор од составот само повредените Марк Андре Тер-Штеген, Марк Бернал и Андреас Кристенсен.

Останува да видиме кој ќе биде изборот на Флик во одбраната бидејќи сега се на располагање сите четири стопери и сите се во добра форма – Кубарси, Иниго Мартинез, Ерик Гарсија и повратникот Роналд Араухо.

Да потсетиме, доколку Барселона го победи Рајо Ваљекано во понеделник од 21.00 часот, ќе го преземе првото место на табелата, откако Реал и Атлетико во саботата ремизираа со Осасуна, односно Селта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик пронајде уште едно засилување: Барселона бесплатно се засилува од Лондон?

Според последните информации од медиумите екипата на Барселона би можела да се засили со Т…