
Тренерот на Барселона Ханси Флик не беше среќен поради резултатот од мечот против Атлетико Мадрид (4-4).
Иако Барселона веќе по шест минути игра губеше со 2:0, каталонскиот тим влезе со два гола предност во последните 15 минути, но гостите од Мадрид успеаја да ја анулираат разликата.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Затоа и не е чудно што Флик чувствува проблеми во тимот кои ќе мора да ги поправи во наредниот период.
„Мораме да работиме на ова. Игравме одлично, но примивме четири гола и тоа е премногу. Нашиот пристап и менталитет беа на место по заостанувањето од два гола, но мораме да работиме на ситните детали. Тажен сум и фрустриран поради последните 10 минути затоа што некое време бевме на највисоко ниво“, рече Флик на конференцијата за медиуми по натпреварот.