Дома Фудбал Флик ја откажа прославата на титулата ако Барселона слави против Еспањол – има и добра причина!

Флик ја откажа прославата на титулата ако Барселона слави против Еспањол – има и добра причина!

Во четврток вечер Барселона ќе го одигра својот следен натпревар во лигата, а се очекува по истиот да започне славењето на новата титула.

Откако со 4:3 Барселона го победи Реал Мадрид во минатото коло, стигна до предност од седум поени три кола пред крајот, па се чека само моментот кога Каталонците ќе бидат и официјално прваци.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Во случај да победат во четврток против каталонскиот ривал Еспањол, можат да започнат со славје, независно од тоа како ќе игра Реал Мадрид вечерва со Мајорка. Се разбира, во случај Реал да изгуби од Мајорка, Барса би била првак уште вечерва.

Но, во Барселона веруваат дека најреално е утре да станат шампиони и се подготвени за такво сценарио. Во 2023 година на Корнела, Барселона ја освои Ла Лига, но за време на славењето играчите мораа да излезат од теренот поради сопствена безбедност, бидејќи навивачите на Еспањол тогаш масовно влегоа на теренот.

Тој им соопшти на играчите дека е подобро веднаш да одат во соблекувалната, за да избегнат било каква непријатност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Ла Лига со нов напад: Сопствениците на Сити прават измами, ПСЖ има загуби од по 200 милиони седум последователни години

Шефот на Ла Лига Хавиер Тебас упати повторна критика кон останатите големи првенства во Ев…