Дома Фудбал Физиотерапевт беше човекот кој последен жив го виде Жота: Опиша што се случувало пред несреќата

Физиотерапевт беше човекот кој последен жив го виде Жота: Опиша што се случувало пред несреќата

Фудбалерот на Ливерпул и португалскиот репрезентативец, Диого Жота, загина вчера заедно со својот помлад брат Андре Силва, фудбалер на Пенафиел, во сообраќајна несреќа на автопатот А-52 во шпанската покраина Замора. Локацијата на несреќата е веќе позната како “едно од најопасните места во Шпанија”, познато по многубројни несреќи и сообраќајни прекршоци.

Да се потсетиме, Жота се ожени само две недели претходно и се враќаше за Англија за да присуствува на почетокот на подготовките на Ливерпул. Според известувањата на Metro, Жота и неговиот брат – кој играше во втората португалска лига – не смееле да летаат поради забрана од лекарите после операцијата на белите дробови на Жота, па решиле со автомобил да стигнат до Сантандер каде што ќе се качат на траект. Последните моменти на фудбалерот ги опиша неговиот физиотерапевт Мигел Гонкалвес во интервју за португалскиот Record.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Респираторниот физиотерапевт го лекуваше Жота само пет часа пред трагичната несреќа. Напаѓачот на Ливерпул боледуваше од пнеумоторакс, односно колапс на белите дробови, здравствен проблем кој го мачеше со месеци, а операцијата ја одложуваше.

Гонкалвес наведува дека ги видел последен пат околу 20:30 часот таа вечер и тие му кажале дека ќе возат ноќе за да гии избегнат високите температури. Ги отфрли сите гласини дека претходната вечер ја поминале во ноќен клуб и потенцираше дека Жота бил целосно посветен на својот опоравок: “Беше професионалец”, рече тој.

“Ми рече дека патувањето ќе трае околу осум часа, но дека ќе застанат во хотел близу Бургос за да се одморат. Диого беше многу свесен за тоа колку му значи професионализмот. Требаше да стигнат до Сантандер, да се качат на брод и потоа да пристигнат во Англија”, изјави физиотерапевтот.

“Семејството ќе пристигнеше подоцна со авион, а во понеделник имаше закажан медицински преглед во Ливерпул за да се процени неговата состојба. Почнав да работам со него минатата сабота и бев со него секој ден до таа среда. Се збогував со нив со вечера”, додаде Гонкалвес.

Во дополнителните изјави за Marca, Гонкалвес го објасни здравјето на Жота: “Долниот дел од десното бело крило беше делумно зафатено, но со постоперативна физикална терапија состојбата речиси целосно се стабилизираше. Кога го видов последен пат вчера, веќе немаше болки и требаше да се врати во Ливерпул”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…