Дома Фудбал Филип Лам ja осуди ФИФА поради Саудиска Арабија

Филип Лам ja осуди ФИФА поради Саудиска Арабија

Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација, Филип Лам, се приклучи на критичарите на одлуката Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското Првенство 2034.

“Важно е големите настани да се одржуваат во демократски земји”, рече членот на германската екипа која во 2014 година ја освои титулата Светски шампиони.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


“Под различни политички околности, ќе ја поддржев доделувањето на Светското првенство на Саудиска Арабија.”

Меѓутоа, “во спортот сме навикнати на демократско одлучување во спортовите, а во Саудиска Арабија не е така.”

Саудиска Арабија беше единствениот кандидат за организација на Првенството 2034. Турнирот го доби минатата недела, на необичен виртуелен конгрес на ФИФА.

На истиот состанок, организацијата на Светското првенство ја добија Шпанија и Португалија. Лам ја критикуваше и процедурата.

“Не беше во ред, тоа како беше организирано, да се доделат две Светски првенства со едно гласање”, рече тој.

“Можеше да гласаш или за двете или против двете.”

Саудиска Арабија е цел на критики од многу организации и држави поради кршење на човековите права. Критичарите на Ријад го обвинуваат дека со организација на спортски настани се обидува да го подобри својот имиџ.

Веднаш по одлуката за Mундијалот 2024, и сојузот на германските навивачи го критикуваше одржувањето на турнирот во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците избраа: Нема подобар во Ла Лига од Винисиус за 2024!

Новинарите на шпанското издание на порталот 90min ги избраа и рангираа десетте најдобри фу…